Работиница Ќостек ( Ќустек) Ќостекот претставува традиционална техника за изработка на накит со користење на стаклени монистра, памучен конец и игла за хеклање. Хеклањето е кружно со обичен бод и монистра. Техниката потекнува од Анадолија , а во Македонија е донесена пред три или четри века, од нашите политички затвореници кои таму одлежувале затворска казна. Имено, на затворениците им биле давани шеми и материјал и секој затвореник морал да изработи најмалку десет мотиви. Така изработени се донесени во Македонија и процесот на изработка е пренесен на жената која пак во тоа време била главен “дизајнер” и изработувач на облеката на своето семејство. Ќостекот го носеле и мажите и жените како дел од носиите. Mажите го носеле како држач за револвер или како ланче за часовник. Жените пак како дел од носијата или накит. Во фолклорот Ќостекот бил користен од ороводците. Истражуваќи за својата книга ОРСКА И ИНСТРУМЕНТАЛНА НАРОДНА ТРАДИЦИЈА, Владимир Јаневски го запишал исказот на баба Рај…

Работиница Ќостек ( Ќустек)

Ќостекот претставува традиционална техника за изработка на накит со користење на стаклени монистра, памучен конец и игла за хеклање. Хеклањето е кружно со обичен бод и монистра.

Техниката потекнува од Анадолија , а во Македонија е донесена пред три или четри века, од нашите политички затвореници кои таму одлежувале затворска казна. Имено, на затворениците им биле давани шеми и материјал и секој затвореник морал да изработи најмалку десет мотиви.
Така изработени се донесени во Македонија и процесот на изработка е пренесен на жената која пак во тоа време била главен “дизајнер” и изработувач на облеката на своето семејство.

Ќостекот го носеле и мажите и жените како дел од носиите. Mажите го носеле како држач за револвер или како ланче за часовник. Жените пак како дел од носијата или накит. Во фолклорот Ќостекот бил користен од ороводците.

Истражуваќи за својата книга ОРСКА И ИНСТРУМЕНТАЛНА НАРОДНА ТРАДИЦИЈА, Владимир Јаневски го запишал исказот на баба Рајна Спасовска за употребата на Ќостекот ( Ќустекот) во нејзиниот крај, кој гласи.
“На селските собори можело за кратко, момче да си дозволи да се фати до девојката која му се допаѓала. Доколку девојката прифаќала, го подавала ќустекот направен од монистра во вид на змија, или во спротивно, го боцкала со иглата која била вметната во устата на змијата од монистра.” Денес, ќостекот е накит кој осликува жена која ги почитува своите корени, но истовремено ужива и во современите модни детали, гордо ставајќи го во својата колекција како ѓердан, обетки, ремен или како брош.

Пријавете се за работилницата Ќостек и навлезете во тајните на оваа вештина кои со вас ќе ги сподели ќостек мајсторот Кристина М. Темкова Artizani.mk

Пријавувањето е на следниот линк : https://forms.gle/BLvsBqoM1SGcEgnL6

Краен рок за пријавување е 30 јуни 2020 ( текстот со мали измени е дело на Кристина М. Темкова)
фото by ESNAF ЕСНАФ
#creativemacedonia #ГрадСкопје #CityofSkopje #workshops #креативностанадело #летнашколазамладикреативци #onlineworkshops #везење #плетење #фимо #цртање #срма #ќостек #embroidery #knitting #fimo #drawing #srma #kjostek #Esnaf #PrimePointPartners #EuroDanvestStaedtler

A photo posted by (@) on

Source

0 Replies to “Работиница Ќостек ( Ќустек) Ќостекот претставува традиционална техника за изработка на накит со користење на стаклени монистра, памучен конец и игла за хеклање. Хеклањето е кружно со обичен бод и монистра. Техниката потекнува од Анадолија , а во Македонија е донесена пред три или четри века, од нашите политички затвореници кои таму одлежувале затворска казна. Имено, на затворениците им биле давани шеми и материјал и секој затвореник морал да изработи најмалку десет мотиви. Така изработени се донесени во Македонија и процесот на изработка е пренесен на жената која пак во тоа време била главен “дизајнер” и изработувач на облеката на своето семејство. Ќостекот го носеле и мажите и жените како дел од носиите. Mажите го носеле како држач за револвер или како ланче за часовник. Жените пак како дел од носијата или накит. Во фолклорот Ќостекот бил користен од ороводците. Истражуваќи за својата книга ОРСКА И ИНСТРУМЕНТАЛНА НАРОДНА ТРАДИЦИЈА, Владимир Јаневски го запишал исказот на баба Рај…”